Општествената контрола и технологијата за управување со масите, како на локално така и на глобално ниво, одамна станаа сериозна вештина.
Постојат бројни методи за манипулација со луѓето кои се применуваат со децении, односно генерации, при што секоја наредна генерација покажува сѐ подобри резултати. Со таквите методи, на масите им се вградува „стекнат рефлекс“, односно им се наметнуваат неправедни правила кои масите, на почетокот (првите генерации), ги прифаќаат со негодување, но со текот на времето (наредните генерации), ги почитуваат без никакво расудување, како нешто што се подразбира само по себе. Така, денешните генерации прифатиле дека со нив управува и манипулира „глобалната елита“, која не претставува ниту 1% од светската популација. Што е најлошо, повеќето од 99% манипулираните луѓе не знаат дека им служат на манипулаторите, ниту ги забележуваат правилата (пишани и непишани) со кои нивната слобода е загрозена. Како им успеа тоа на глобалните владетели? Ќе ви стане појасно кога ќе го прочитате текот на експериментот „Пет мајмуни“.
**„Во кафез ставете пет мајмуни. Во кафезот поставете скали и на врвот од скалите поставете банана. Наскоро, еден од мајмуните ќе тргне кон скалите и ќе почне да се качува кон бананата. Штом го допре скалилото, попрскајте ги сите други мајмуни со ладна вода. По некое време, ќе се обиде друг мајмун, со ист резултат – сите други мајмуни ќе бидат попрскани со ладна вода.
Наскоро, кога некој мајмун ќе се обиде да се качи по скалите, другите мајмуни ќе се обидат да го спречат. Сега отстранете ја ладната вода. Извадете еден мајмун од кафезот и заменете го со нов. Новиот мајмун ќе ја забележи бананата и ќе се обиде да се качи по скалите. На негово изненадување и ужас, сите други мајмуни ќе го нападнат. По уште неколку обиди и напади, тој ќе разбере дека, ако се обиде да се качи по скалите, ќе биде нападнат од другите мајмуни.
Потоа, извадете уште еден од оригиналните пет мајмуни и заменете го со нов. Новопристигнатиот ќе се обиде да се качи по скалите и повторно ќе биде нападнат. Претходниот новопристигнат мајмун ентузијастички ќе учествува во казнувањето! Истото направете и со третиот, четвртиот и на крај петтиот оригинален мајмун. Секој пат кога најновиот мајмун ќе се обиде да се качи по скалите, ќе биде нападнат.
Повеќето од мајмуните кои учествуваат во тепањето немаат поим зошто не им е дозволено да се качат по скалите или зошто учествуваат во тепањето на новиот мајмун. Кога сите оригинални мајмуни ќе бидат заменети, ниту еден од останатите мајмуни никогаш не бил попрскан со ладна вода. Сепак, ниту еден мајмун никогаш повеќе нема да се доближи до скалите за да се обиде да ја земе бананата. Зошто нема да го направат тоа? Затоа што, колку што тие знаат, отсекогаш било така!“**