Пишува Лидија Ѓорѓевиќ
Сакам постела која мириса на свеж сапун или шампон, омекнувач.Сакам кога мојата коса мириса на свеж шампон..Сакам јас кога си мирисам на чисто.Сакам после бањањето да се поминам со ладна вода, сакам вода, го сакам Охрид.Додека пливам и мирисам велам ” фала ти Господе за убавинава, слободава! Сакам море.Нема помиризливо од Јадранско! Бол на Брач! Плажа-Златни рат! Ух! Сол, море и борова шума! Е таков мирис нема на планетава!
Кога сме кај мирисите не знам дали 10-ти јуни го сакам дека беше крај на школска година или денот кога процветуваат липите? Мирисот на Скопје е мирисот на липа.
Има и други мириси.Мирис на кафана.Влегов во Пуже во Свети Николе.Не знам дали ме опи ѓезмаџискиот момент или мирисот на кафана-биртија!?Задоволни луѓе.Денес си утре не си.Кога сме кај ѓезмишење го сакам мирисот на Траминец! Посебно на плажа! Ме потсетува на лето и белвици во Радожда додека го пијјам, а нозете ми шлапкаат во еНзероно.
Омилен парфем ми е Аква Вомен на Роша, но веќе во Македонија го нема.(ако некој го најде надвор нека ми го купи, дупло плаќам!)Го заменив со Блек Код- машкиот. Врска немаат еден со друг освен едно- специфични се.До толку да бившиот љубовник ти каже- ух, исто мирисаш и после години!..
..Го сакам мирисот на цепени дрва и печени пиперки-тоа е мојата Битола во која ги поминав дел од летата .
Го сакам мирисот на градинката и Песталоци до неа во кои го поминав детството. Без оглед колку е чудно, сакав да одам и во градинка и во школо!)
Го сакам мирисот во грчките фурни, ванила, цимет, леб…Мирисот на гиро и море…мирисот ба бутиците кои продаваат кожни јакни и бунди.Пријател ми рече: Се што си помирисала во детството, подоцна драго ќе ти стане! Како бисквити во млеко.Е тој мирис! Палачинки со џем од кајсии и тој!
Го сакам мирисот на својата куќа и куќата или станот во кои ќе влезам на своите најдобри пријатели.
Го сакам мирисот на нова книга.
По мирисот и распознавам дали некој е или не е за мене.Како животно.
Во моментов мирисам јоргован.Мирисот на рана пролет.Не е рана, но ете јоргованите веруваат дека е.
Има и други мириси.И навистина ги душкам луѓето кои ми се допаднале на прв импулс за да видам дали сум во право!
Што мислите? Дали животните си се во право штом се душкаат? Не знам.Но да бев со овој памет сега ќе знаев со кого да се спарам само по мирис!
Не! Не се шокирајте! Верувајте!
Мирисот на мајка ми. Ја нема веќе.Бог да си ја прости.Но јас сеуште во сеќавањата можам да го повикам нејзиниот мирис! Дали ме разбирате?