Стил

ПРОГЛАСЕНИ 40 НАЈУБАВИ ЖЕНИ НА СВЕТОТ ВО 2024

На насловната страна мартовското издание на познатиот моден часопис „Вог“ се најдоа 40 најубави жени на светот.

Ова е последен број на овој престижен магазин кој го уредува Едвард Енифул. На насловната страна се најдоа многу успешни жени од најразлични сфери, од музика, филм, преку мода, телевизија, па до активизам.

„Еве го: моето 76. и последно издание на Вог, шест и пол години и 153 насловни ѕвезди подоцна, вклучувајќи 40 легендарни жени кои се појавуваат на оваа насловница. Беше тоа исклучително патување и апсолутна чест“, напиша Енифул.

На насловната страна се најдоа Серена Вилијамс, Анџа Тејлор-Дој, пејачката Рина Савајама, потоа англиската глумица Џема Чан веднаш зад Џиџи Хадид, Џамила Џамил покрај Кара Делевињ, глумицата Симон Ешли во тандем со Салма Хајек, Синтија Ериво, Каја Гербер, Салма Блер, Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон. Исто така, на насловницата се најде и пејачката албанско потекло Дуа Липа. На сликите се и Викторија Бекам, Аријана ДеБоз, Џордан Дан, Карли Клос, Синди Крафорд, Џоди Комер, моделот Иман, Палома Елесер, Линда Еванџелиста, Прешес Ли, Ирина Шејк и Адвоа Абоа.

Сепак, голем број корисници на социјалните мрежи не беа задоволни од изборот на жените кои позирале за насловната страница, посебно затоа што Лила Мос, ќерка на легендарната манекенка Кејт Мос, и Каја Гербер, ќерка исто така на познатата манекенка од 90-те Синди Крафорд, се најдоа меѓу „40 најубави“.

Своето незадоволство јавно го коментирале под фотографијата на насловната страница која беше објавена на Инстаграм:

„Што прават Каја и ќерката на Кејт Мос меѓу сите овие жени?“, „Ќерка на Кејт Мос на насловната страница на ‘Вог’ покрај Серена Вилијамс е нешто најсмешно што сум го видела“, „Легендарна е затоа што е ќерка на Кејт Мос?“, „Повеќето од овие девојки на насловната не би требало да бидат тука. Повеќето од нив се никој и ништо“, само се некои од коментарите на незадоволните читатели на Вог.

А што мислите вие ?

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *