Земјава деновиве е зафатена од топлотен бран со температури и над 40 степени Целзиусови, со УВ индекс 10. Особено топло, според прогнозата на УХМР, ќе биде во четврток и петок кога ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Лекарите препорачуваат да се избегнува излегување надвор во периодот од 10 до 17 часот, неопходните работи граѓаните да ги завршуваат пред 10 или по 17 часот, и да се почитуваат препораките од Центарот за јавно здравје.
Во најтоплиот период од денот да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности, да се седи во затворени климатизирани простории, со затворени прозорци и ролетни во текот на денот. Прозорците да се отвараат навечер кога температурата е пониска.
При неопходен престој на отворен простор, да се избегнува директна изложеност на сонце, со почести одмори под сенка.
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
Луѓето со болки во колената и бутовите треба да да го прочитаат
Кога станува збор за облеката, да се носи светла и лесна облека, најчесто од природни такенини (памучни, ленени), да се стават заштитни очила и капа.
Препорачливо е внесување големо количество течности, најдобро вода, може и минерализирани безалкохолни пијалоци, а да се избегнува консумација алкохолни и пијалоци што содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци.
За време на екстремно високи температури да се внесува помало количество храна, таа да не биде мрсна и високо-калорична храна, да се избегнува и храна што содржи поголемо количество шеќер.
Добро е туширање со студена вода повеќе пати во денот, може и ставање студени облоги и држење на нозете во студена вода.