Македонија Новости Став Топ Вести

Собранието за денеска закажа продолженија на две и една нова седница

Македонското Собрание денеска ќе ги одржи продолженијата на 121-та, 125-та и ќе ја почне 126-та седница.

На дневен ред на 121. седница е Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година.

Пратениците во рамки на 125. седница ќе ги разгледуваат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за надворешни работи, во прво читање, Предлог Националната програма за високото образование со предлог мерки, за периодот 2025-2030 година и Предлог Националната програма за научно – истражувачка дејност со предлог мерки, за периодот 2025-2030.

На дневен ред на 126. седница, меѓудругите е и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија

Во рамки на оваа седница треба да се расправа и по Дополнетиот предлог на закон за државната ревизија – трето читање, Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, Предлог законот за ратификација на Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот на Европа, Предлог за избор на надворешен комисионер (член) на Комисијата за хартии од вредност, како и Предлог на одлука за именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *