Култура Македонија Новости Топ Вести

ШВЕДСКА ОДБЕЛЕЖУВА 500 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ ВО ГРАДСКИ ПАРК

С

По повод 500 години независност на Шведска и три децении од воспоставувањето на дипломатските односи со Македонија, Амбасадата на Шведска утре со почеток во 18 часот организира настан во Градски парк насловен „Добри вибрации – музика и иновации“.

Во фокус ќе бидат шведската музика и иновациите, при што ќе се свират хитови на шведски бендови и пејачи. Посетителите ќе имаат можност да ги проследат дигиталната изложба „Шведски музички моменти“ и изложбата на иновациите на шведските компании.

Амбасадата приготви 500 традиционални шведски слатки од цимет и кардамон, а во соработка со средното угостителско училиште „Лазар Танев“ ќе бидат послужени и 500 парчиња шведска летна торта од јагоди.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *