Македонија Новости Топ Вести

Таравари: Се чувствуваме понижени

Постојат дилеми околу останувањето на политичката партија Алијанса за Албанците (АА) во владејачкото мнозинство, одговори денеска Арбен Таравари, лидер на оваа политичка партија и градоначалник на општина Гостивар на прашање од МИА за одлуката дали оваа партија ќе остане во Владата или ќе оди во опозиција.  Според него, неизгласувањето на Законот за амнестија делува понижувачки.

– По одбивањето да се изгласа Законот за амнестија што беше предлог на Владата, искрено, ние се чувствуваме како понижени. За првпат во историјата се случува пратениците од владејачкото мнозинство да не донесат закон во Собрание предложен од Влада и тој да не помине. Меѓутоа, не сакаме да бидеме проблематични, односно „траблмејкери“ во таа Влада, нагласи Таравари.

Лидерот на АА вели дека постои мала надеж да се случат уставните промени, па затоа, како што рече, нема да прават „метеж“ во период кој го оцени како тежок. Тој потврди дека имаат контакт со дипломати во земјава и ќе се состанат за да се консултираат околу натамошните чекори.

– Меѓутоа, имаме дилеми дали треба да се продолжи понатаму. Ние до крајот на ноември можеби ќе треба да одржиме седница на централното претседателство, да ги анализираме сите можности и не се исклучува можноста да одиме во опозиција. Ова е турбулентно време кога не се знае кој за кого работи. Ни требаат и инструкции од тие коишто ние ги нарекуваме свои пријатели и да знаеме кој пат да го фатиме, рече Таравари.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *