Македонија Новости Став Топ Вести

Мојсоска: Зошто да им веруваме на гаранциите од европските бирократи кои досега 100 пати не излажаа?

Не можам да ја сфатам психологијата на американските и европските бирократи, кои доаѓаат да нѐ убедуваат дека не бил загрозен нашиот македонски идентитет. Од каде им е правото да ни кажуваат какво е нашето национално чувство и како се стремиме да го култивираме нашиот македонски идентитет?

Зошто да им веруваме на гаранциите на некои (привремено поставени) бирократи кои не се ни запознаени со нашиот општествен и историски контекст, кои не ја доживеале нашата традиција низ вековите, ниту пак биле дел од националната борба за самобитност на македонскиот народ?

Што ни значи нас, на Македонците, дали Вархеји, Урсула, Блинкен или Гир ни ветуваат дека ние сепак ќе сме останале Македонци? Западната дипломатија стана перверзија во која веќе овие колонизаторски нации не се ни трудат да ги сокријат своите негаторски политики кон помалите нации. Говорат за мултикултуризам и диверзитет, додека насилнички и со уцени ја рушат националната посебност на помалите народи.

Вчера прочитав еден цитат кој перфектно ја отсликува хегемонистичката политика на “светскиот џандар”:

  • Си одам од тука… Ако сѐ биде Запад, каде ќе изгрева сонцето!?

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *