Македонија

Општина Карпош ги зголеми финансиите за субвенции за полагање возачки испит

Општина Карпош ги зголемува средствата во програмата за Подршка на локалниот економски развој, кои се наменети за субвенционирање на полнолетните жители од Карпош, за нивно посетување на обука за теоретски и практичен дел при полагање на возачки испит.

Во таа насока, Советот ја поддржа Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на развојот за 2023 година, поточно за субвенциите за млади лица од Карпош за полагање на теоретски и практичен дел за добивање на возачка дозвола (Б категорија). Досегашната финансиска рамка за оваа намена изнесуваше 5.000.000 денари, но со прераспределбата на средства, финансиите се зголемуваат на 7.000.000 денари, информираа од оваа скопска општина. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *