Македонија Новости

Долги колони на граничниот премин Богородица, се чека влез во Грција повеќе од еден час

Вообичаена слика на почетокот од секој продолжен викенд.

На граничниот премин „Богородица“ со Грција колони возила, се чека и повеќе од час за влез кај нашиот јужен сосед.Денеска има долги колони и гужви и на преминот во Дојран, каде се забележуваат возила претежно со македонски и српски регистрации.

Моменталната слика на граничниот премин може да ја видете на следниов линк.

Отворени се пет пунктови на МВР за проверки, за премин на границата.

Инаку голем број граѓани продолжениот празничен викенд ќе го поминат на грчките плажи.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *