Мицкоски: Владата фрли 117 милиони евра на проект кој никој не го видел, општините градат
Можевме да се увериме дека и покрај тоа што општината има исклучително високи долгови, блокирана сметка, високи обврски наследени од лошото менаџирање со општината изминатите 4 години.
Сепак градоначалникот успева да најде начин како да проектите кои се ветувани за време на кампањата за локалните избори од 2021 година ги испорача и реализира.
Слушнавте дека десетици проекти кои се или завршени, во фаза на завршување или допрва ќе бидат започнати. Повторувам, блокирана сметка поради наследени долгови и преземени обврски кои се мерат во стотици милиони денари. Сепак се наоѓа простор, доколку се работи чесно, одговорно, и јас ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот и на советниците во Општина Василево, на мнозинството кое ги поддржува проектите на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, да им честитам на луѓето од администрацијата што во невозможни услови, во пеколни услови успеваат да испорачаат она кое е потребно за граѓаните.
Сведоци сме дека пред неколку дена, граѓаните на Македонија платија 117 милиони евра, односно 7 милијарди евра и 250 милиони денари за проект кој никој не го гледа, а тука гледате дека се што се работи се гледа, односно се она кое се испорачува, патна инфраструктура, игралишта, канализација, водовод, можат граѓаните да го видат и користат. А владата на ДУИ подржана од помалиот партнер СДСМ, во средата исплати повеќе од 7 милијарди и 200 милиони денари за проект кој никој не го видел, а како тргнале работите нема до крајот на оваа година да се види.
Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и помеѓу владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ. Тоа сум убеден дека граѓаните ќе го препознаат, веќе се чувствува на самиот почеток од нашата кампања „Ова е Македонија за сите“ веќе енергијата се препознава и сум убеден дека на следните парламентарни избори коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе стигне до онаа бројка од 61 пратеник и ќе испише историја како што тоа го направивме на изборите локални во 2021 година кога за прв пат од позиција на опозиција некоја политичка партија успеа власта да ја декласира и во првиот и вториот круг и да освои мнозинство градоначалници, јас сум убеден дека тоа ќе се случи на парламентарни избори.