Сојузот на синдикатите на Македонија со повик до работниците, граѓаните и синдикатите за протест на 1ви Мај. Протестот, е најавен во 12 часот пред зградата на ССМ, а се организира поради неправдите кон работниците.
– СМЕТАМЕ ДЕКА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ ЗА 78% ИЛИ ПО 2.000 ДЕНАРИ ДНЕВНО, ВОВЕДУВАЊЕТО НА 12 ЧАСОВЕН РАБОТЕН ДЕН ЗА ГОЛЕМ БРОЈ РАБОТНИЦИ, ТОА ШТО ГИ ИЗЛАЖАА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО И ШТО НЕ ИМ ГИ ЗГОЛЕМИЈА ПЛАТИТЕ, ТОА ШТО НЕ ГО СКЛУЧИЈА ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ЈАВЕН СЕКТОР СО КОЈ СЕКОЈ ВРАБОТЕН ЌЕ ИМА ПРАВО НА К-15, СЕ ДОВОЛЕН МОТИВ И ПОВЕЌЕ ОД ПРИЧИНА ДА СЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПРОТЕСТ НА УЛИЦА И ДА СЕ ИЗРАЗИ НЕЗАДОВОЛСТВОТО!
Сите заедно, работници, синдикати, граѓани и синдикалци, истакнува Синдикатот, треба да застанеме и да покажеме единство и солидарност и да ги спречиме намерите и лошите владини политики.