Филхармонија со „Шиндлерова листа“ протестираше пред Министерство за култура
Со изведба на Шиндлеровата листа од Џон Вилијамс, Филхармонијата го одржа својот прв протест пред Министерството за култура поради одлуката новоформираната национална институција „Џез оркерстар на Македонија“ да биде просторно сместен во објектот на Филхармонија.
Од Министерството за култура велат дека интензивно се работи на решение кое набргу ќе биде споделено со сите засегнати. Филхармоничарите, кога ќе го слушнат решението, ќе им биде јасно дека со одлуката за привремено останување на џез-музичарите во Филхармонијата до правното регулирање на нивната национална установа, никој немал никаква заднинска намера, велат од надлежното министерство.
На првиот протест на Филхармонија даде поддршка и Синдикатот на култура на Македонија.