Поранешната претседателка на Државната комисија за следење на корупцијата, Билјана Ивановска, гледа очигледна злоупотреба на функцијата во епизодата со одењето по невеста во Косово од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши.
-Претседателот на народните избраници,Африм Гаши, со своето однесување во голема мера влијае врз креирањето на сликата во државата за однесувањето на функционерите. Како втор човек во државата тој законски ги ужива сите функционерски права , но етиката и моралот не се пропишуваат со закон, туку се вредности кои го одликуваат човекот. Во отсуство на јасно поставена граница помеѓу јавната функција и приватниот интерес очигледна е злоупотребата на функцијата бидејќи тој овозможил поминување на повеќе приватни возила без никаква гранична контрола, смета Ивановска.






