ОТВОРАЊЕТО НА УСТАВОТ Е ПРЕДАВСТВО Левица немa дa учествува во работната група за уставни измени
Одлучно и со индигнација ја одбиваме поканата за учество во т.н. работните групи за најавената повторна насилна промена на Уставот, соопшти денеска партијата Левица.
„Ултиматумот на бугарските служби и агендата на Софиската платформа која ја поткрепува пробугарската власт на ДУИ и СДС, не ја прифаќаме и истата мора да биде остро одбиена од сите релевантни политички чинители на кои државните интереси им се од највисок приоритет“, се наведува во соопштението.
Според партијата спротиставувањето на ова потчинување пред соседните апетити претставува антифашистички чин, независно од сите лаги за европска извесност која квислиншката власт лажно ја ветува.
„Затоа, повеќе од било кога, потребна е одбрана на државата и македонските национални интереси. Во нивна одбрана Левица ако треба ќе застане и сама. Отварањето на Уставот е предавство“ ,заклучува во соопштението Левица.