Вело Марковски очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата за претседател
Вело Марковски ќе се кандидира за претседател на државата како независен кандидат. Тој ќе побара поддршка од 10.000 граѓани, чии потписи, како што информираше вчера на прес-конференција, ќе се собираат согласно законските прописи по распишување на изборите.
Во периодот до избори ќе ја презентира платформата и очекува поддршка од сите граѓани без разлика на партиската определба. Ќе прифати поддршка од сите, освен од поединци и партии кои, како што кажа, макар и со една изјава го негирале повеќемилениумското негирање на македонскиот народ, македонскиот јазик и повеќевековното постоење на современата македонска нација.
„Независен кандидат за претседател поддржан од народот е добра можност за обединување и функционирање на државата“, рече Марковски.






