Пишува Соња Манџук
Во Македонија само невладините организации се добро организирани. И институционално кеш поддржани. И тоа оние кои делуваат во насока на подобрување на тнр човекови права и заживување на “европските вредности”. Истите кои им помогнаа на есдесовците да ” рушат режим”. Таков е случајот и со Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Формирани се уште 2014 година, со поддршка на Хера и на над 12 други невладини организации. За да делуваат против насилство кон ЛГБТ заедницата, кое всушност и не постоеше а ниту постои, и ако го имало било ” изолиран случај.” За да делуваат против фобијата /стравот од различностите, против омразата наводна кон луѓето со различна сексуална ориентација и да ги штитат нивните загрозени права во општеството, во смисла да не бидат избркани од работа, или да не ја добијат, затоа што се геј на пр. Лично не познавам таков случај. Напротив, познавам луѓе кои не се дискриминирани поради своите сексуални склоности и се во работен однос. Нејсе. Да претпоставиме дека има луѓе кои се соочиле со тој проблем и потребна им е поддршка. Лично, немам ништо против да ја добијат. Всушност, сите имаме пријатели или познаваме луѓе со неСтрејт сексуална ориентација. Не се ниту нападни и агресивни да не убедат дека треба да бидеме како нив. Сме ја прифатиле нивната различност како нивна интима, тие ја прифаќаат нашата и тука завршува приказната. Таквите и не парадираат за да ја покажат. Индивидуално е можно да постои омраза кон различноста, но тоа, сигурна сум, беше во многу мал процент. Се додека таа заедница не поработи на таа проблематика, смислено со своите активности. Како идејата да беше да се предизвика, со провокација, неприфаќање и омраза кон нив. Нештата отидоа предалеку со нивното идеолошко наметнување на нивното нормално, наспроти природното нормално иако индивидуално и како општество сме го прифатиле нивното природно самочувствие. Нештата отидоа предалеку- отидоа и во образованието, на основно ниво. Отидоа во наметнување на нивното како природно наспроти / нашето/ природното. Премногу е долг текстов како за статус на фб но и тематиката е комплексна, а сакав целосно да го третирам проблемот. Ќе скратам.
Уште во првиот Скопје Прајд, се виде смислена провокација и понижување на државата преку симбол. Транс маж во народна македонска носија, прилагодена за моментот, со отвор на задникот. Кому и зошто му беше потребна таква провокација и дали му беше потребна за да предизвика омраза и нетолерантност? Исто како отворените провокации кон црковните симболи.
Не сум човек кој умее да мрази, но ја препознавам намерата да се предизвика чувство на омраза и нетолеранција. А ја разбирам и работата на невладините – се вртат големи пари за одреден проект и воопшто не размислуваат каков ефект ќе предизвикаат на долгорочен план. Бидете спокојни ако некој само ви каже – да ве ебтит парите што ги земате за да повикувате на љубов и еднаквост а всушност продуцирате омраза.