Македонија Новости Став Топ Вести

Сијарто: Унгарското претседателство со ЕУ ќе вложи напори за Македонија да отвори уште едно поглавје

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, на маргините на НАТО-самитот во Вашингтон изјавил дека унгарското претседателство со Европската Унија ќе вложи фокусирани напори да ги започне пристапните преговори со Македонија и да отвори барем уште едно поглавје во преговорит. Во разговор со своите македонски и црногорски колеги на маргините на самитот, Сијарто посочил дека пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ ќе ја зајакне стабилноста во регионот и безбедноста на континентот, а Унгарија ќе работи на забрзување на тој процес за време на нејзиното претседавање со Унијата.

„Унгарското претседателство со ЕУ ќе вложи фокусирани напори да ги започне пристапните преговори со Cеверна Македонија и да отвори барем едно поглавје во преговорите. Во однос на Црна Гора, унгарското претседателство би сакало да го олесни затворањето на најмалку седум, но оптимално девет или десет поглавја пред крајот на годината. Сметаме дека Црна Гора ги презеде неопходните чекори“, изјави Сијарто.

Зборувајќи за актуелната политика на проширување на ЕУ, Сијарто изјавил дека таа го губи кредибилитетот секогаш кога некоја западноевропска или балтичка земја го попречува пристапувањето на земја од Западен Балкан.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *