Став Стил

Дневникот на Sarah Kay : За моментите..

Тогаш кога најмалку мислиш дека можеш…тогаш е моментот за верба. Тогаш е моментот за уште микро сила да се продолжи. Тогаш е моментот кога ќе сватиш кој те заслужува а кој треба да го одминеш дури и ако си мислел дека таа е личноста што ти е потребна..

…Искушенијата се чести…најчесто се појавуваат во луѓе…но, нека ги има…ќе бидат предизвик…да дознаеш колку си моќен, колку можеш и кога не можеш…да се самоспознаеш. Кога ќе успееш да избереш спротивно од она, на што тие те наведуваат…ќе станеш победник. Победник кој се одлучил да му даде трон на доброто во себе.

Победник на правилниот избор. Победник кој се почитува онолку колку што заслужил. Ништо повеќе, ни зрно помалку.

Победник кој ја знае својата вредност и не го става клучот на својата среќа во рацете на некој друг.

Победник кој и покрај очај не моли за љубов иако за љубов умира, а ја има и во изобилие. Биди благодарен на тие случајни “пријателства” на тој пат. Колку и да се невистинити, сепак ке те научат нешто вредно. А тоа е дека верба и лојалност се скапи подароци. И не се за оние кои не знаат што да прават со нив.

Искуство вредно за не-повторување. Биди им благодарен што тие самите во тебе ќе се убијат …и покажи им го тоа…со заминување…

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *