НЕ САКАМ ДЕКЛАРАЦИЈА ВО ПОШТЕНСКОТО САНДАЧЕ
Пишува : Александар Сашко Кукулев
Кој идентитет ќе ми го признаеш бре несреќо !
Кој на кого му признава идентитет на телевизија со седница во живо од Бундестагот !
Кој тебе ти дава за право да признаваш или да не признаваш !
Им се признава на тие што имаат проблем со него а ние Македонците немаме.
Јас точно знам кој сум, што сум, каков сум, каде сум, каде сум бил и каде сум тргнал. Јас точно знам каде сакам да стигнам и кога да биде тоа.
Каков идентитет ми признаваш ? Многувековен ? А колкувековно е многувековното ??? Ти си земаш за право да го признаваш мојот идентитет ?!
И божем ми помагаш додека светот ми се смее, а на душманите им ги полниш устите, за утре да ни трубат како Македонскиот идентитет се признава и постои само во писмените декларациии на европските парламенти !
Исто како за азбуката, демек создадена со декрет, а не како реална потреба конечно и за првпат во слободна земја да си ставиме рака врз своето !
Сега најде да ми признаваш идентитет, откако цела белосветска к’лнатија ми се проврвче низ Македонија да не убедува да си го смениме името. Или тоа нема врска со идентитетот на еден народ ?
Тоа што сме ви евтина работна сила по фабриките и тука и таму, не значи дека имаш право да си ги манкаш ташаците со нас, како недоветни на кои им следува само едно ќоше од погледот на сопствената татковина. Ти мене ќе ми признаваш идентитет….како на ријалити во кое јас сум мутавиот, а ти си тој за кого публиката ќд гласа на 0500…
Што знаеш ти за мојот идентите всушност ? Ги знаеш ли моите песни, моите ора, моите приказни за добра ноќ со кои ме успиваше мајка ми, а татко ми го успивала неговата и така до истрајвекот…
Не можеш ти да ми признаваш било што, што не е ниту за признавање, ниту за продавање. Ти можеш да го почитиваш тоа што сум…и толку.
И сега ти, еден од оние кои од петни жили се обидува да ме обезличи, ми го ускрати сопственото име, кој ме м”кнеш по судови за знамето на кое му се радувам, кој ќутиш како поткошулен орган поради трите црти во графата за мојата националност, ти што гледаш и од зад завесата се кикотиш додека идиоти ги брусат шахтите, ти што на своите високи разузнувачки училишта ме изучуваш како лабораториска вежба по предметот ” Пропагандно дејствие како алатка за трансформација свеста на еден народ и негово самоизчезнување”…
Сега ти кај тебе дома ќе гласаш декларација за мене, кај мене дома ?!
Ти си само еден од оние на чија држава и успеа, да ми ја подели црквата, да ми го уништи образованието, да ми ја подгази културата, да ми го проблематизира јазикот, да ми го избрише АСНОМ, да ми се потсмева на гласоечкото пеење, да стануваш и излегуваш од сала додека се игра “Тешкото”, да ми го уништат Врадар, да ми ја забунари енцикпедијата, да ме испокара внатре, за само и исклучиво да мислам на надвор.
И како капак на се, да дојде твојата министерка за надворешни, па кај мене во мојата дневна соба божем по грешка да ме нарече северномакедонец, нешто што ниту сум ниту некогаш ќе бидам.
Во исто време додека божем ме признаваш, ги прашуваш своите колеги „Ја сакате ли Македонија“ во ЕУ, земја со девастиран здравствен систем во која царува корупцијата и во која социјалната заштита е 50 евра. Па дури си и загрижен за тоа што ќе се случи ако Македонија влезе во ЕУ на сметка на социјалните фондови на унијата.
Драг мој Фронмајер, основата на пропаѓањето на мојата земја се владите што марионетски ни ги избирате вие, пријателски поддржувајќи марионети кои триесет години играат во ритамот на вашите милозвучни јодлови.
Во својата тирада на „подјебавање“ на се што за мене е свето, не пропушташ да ме пофалиш што сум се согласил на „Препански договор“ и моите отстапки што придонеле кон зачленување кон НАТО.
Кога веќе ме м’кнеш за јазик еве да те потсетам на неколку работи
Ханс Шпајдел од1957 до 1963 Командант на НАТО за Централна Европа. За време на втората светска војна бил началник на штабот на групата армии “Б” под водство на Ромел
Адолф Хојцингер од 1961 до 1964 година бил претседателна Војниот комитетна НАТО. За време на втората светска војна бил началник на Оперативниот Генералштаб на копнената војска на геманскиот Вермахт.
Јохан Фон Клејмансек во периодот од 1967-1968 година беше командантна НАТО за Централна Европа..За време на војната офицер на Генералштабот на германскиот Вермахт.
Јохан Штејнхоф од 1971 до 1974 беше германски претставник во штабот на НАТО. За време на војната беше пилот од највискока категрија на Луфтвафе на Источниот фронт.
Ернст Фербер од 1973 до 1975 година беше командант на НАТО во Централна Европа. За време на војната беше инспектор на Врховната команда на германскиот Вермахт
Франц Јозеф Шулце од 1977 до 1979 беше командант на НАТО во Централна Европа.. Во време на војната офицер на Лугтвафе и носител на витешки крст.
За овие ли вредности вредеше да се обезимени и да се обезличи цел еден народ ?
Мојата земја, е конституирана на антифашистички основи, тој факт никој никогаш нема да може да го промени, можеби тебе ти смета, но јас во тој дел не можам да ти помогнам…
И Аман веќе не ме земај во уста !
Остај ме да си ја износам кичмата…
Оти таа ми е од Господа дадена !
Кичмата ми е дел од идентитетот !