СДСМ се уште ја слави германската резолуција и ја критикува опозицијата бидејќи не ја убедила сестринската партија да даде поддршка. Од Бихаќка и денеска иста покана до опозицијата.
Опозицискиот лидер вчера на прославата на партискиот роденден констатираше дека власта не е расположена да ги прифати условите кои ги постави на последната средба со Ковачевски.
Темата за уставните измени ја прогласи за затворена.
Мицкоски и порача на власта дека залудно ќе се обидува да ги убедува пратениците бидејќи како што рече, ова не е 2018 година кога се менуваше името. Во услови во кои двете страни се далеку од договор, опозицискиот лидер уште еднаш го повтори барањето за предвремени избори