Премиерот Димитар Ковачевски в четврток ќе поднесе оставка, по што ќе се отворат процесите за формирање техничка влада, која треба да го овозможи спроведувањето на парламентарните избори на 8 мај.
Ковачевски ова го најави на маргините на конференцијата „Година на европски можности“, која се одржува во Скопје.Тој посочи дека со оставката на премиерот целата влада ќе биде во оставка, а во однос на тоа дали ќе се проширува европскиот фронт со Алијанса за Албанците тој не даде конкретен одговор, но истакна дека земјава се наоѓа пред избор за ЕУ или за нешто друго, како и дека во нивната коалиција ќе бидат сите кои се проевропско ориентирани.Ковачевски додаде и дека овие избори нема да бидат избори помеѓу левица и десница, туку ќе бидат избори меѓу Западот и Истокот.






