ВМРО-ДПМНЕ се препозна во пораката на О’Брајан, ќе има прецизни решенија за Бугарија во изборната програма
ВМРО-ДПМНЕ има прецизни решенија за прашањето со Бугарија и тие ќе бидат дел од изборната програма, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на партијата, Наум Стоиловски, одговарајќи на новинарско прашање за пораките кои во Скопје ги испрати американскиот помошник-државен секратар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, кој посочи дека на претстојните избори има две опции, едната е патот кон ЕУ, а другата не е заинтересирана за Унијата.
-ВМРО-ДПМНЕ докажано секогаш била проевропски ориентирана, а во однос на главното прашање со Бугарија, ВМРО- ДПМНЕ има прецизни решенија коишто ќе бидат дел од изборната програма, каде до граѓаните ќе понуди решенија и за сите други прашања за коишто граѓаните повеќе се заинтересирани, како што се решенија за економски раст, справување со инфлацијата, решенија за силна економија, решенија за поквалитетно образование, за безбедно и достапно здравство, za борба со криминалот и корупцијата, решенија за справување со мафијата.. Затоа што никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, истакна Стоилковски.






