Поради наводно нарушување на јавниот ред и мир, на адвокатот Тони Менкиноски му е закажано судско рочиште на 16-ти овој месец, во охридскиот суд. Ќе му се суди затоа што го развеал шестаесетзрачното македонско знаме во знак на поддршка за Уставобранителите од 27-ми април, на истиот датум годинава.
По тој повод, Сончева револуција организира настан пред Собранието на Република Македонија со повик да се даде поддршка на Менкиноски, со, како што нагласуваат- македонското национално знаме како задолжително.
– Сите оние кои ни се обратија со прашање зошто само во Скопје организираме настан во знак на поддршка на Менкиноски, може да се организирате самите во вашите градови, а доколку не можете, истакнете го знамето. Секој од нас може да искаже поддршка на овој начин. Организирајте дефиле, собир или повикајте ги вашите сограѓани кои не се согласуваат со забраните да се идентификуваме како што се чувствуваме и да користиме симболи што отсекогаш биле дел од нашето минато, да го истакнат знамето со шестнаесетзрачното сонце. Да престанеме да очекуваме друг да не организира и друг да ја води борбата за нас, се вели во објавата на Сончева Револуција.
Древниот македонски симбол, 16-зрачното македонско знаме, најприродно стана прво официјално знаме на независна Македонија, по осамостојувањето. Беше сменето под притисок на Грција и меѓународната заедница. Со срамниот договор од Нивици почна да станува забрането. Сега, се’ повеќе станува симбол на пркос и отпор, етничко знаме со коешто Македонците се поистоветуваат и идентификуваат.
Да потсетиме: Тони Менкиноски е адвокатот којшто бесплатно ги затапува Македонците во Бугарија во нивната борба за човекови права во Стразбург и има добиено 16 пресуди против Бугарија.