Македонија Новости Топ Вести

Се враќа дневната евтина струја во Македонија

Два часа на ден ќе има евтина електрична енергија, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Периодот во кои два часа ќе има евтина струја се уште не е утврден, но ќе биде од 11 до 16 часот.

“Кога точно ќе биде ќе покажат анализите кои ги правиме, но таа ќе биде во период кога цената на струјата е најевтина”, изјави Бислимовски.

Во тек се и консултации со ЕВН во однос на броилата поставени во домовите и нивно прилагодување.

Евтината струја нема да стапи на сила во еден ист момент за сите, поради тоа што голем дел од броилата немаат далечинско управување, па тимови ќе треба кај секој да пристапат физички.

Конечната одлука регулаторна ќе ја донесе во следните 15 дена.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *