29 јуни 2019 година, во организација на повеќе невалдини организации, граѓани и христијани од Македонија обединети во „СОЈУЗ ЗА ЖИВОТ“ ги засведочија темелните семејни и животоосмислувачи врадности!
Над 5000 луѓе алармираа за процесот кој и во тоа време делуваше да се релативизираат и потиснат традиционалните семејни вредности, а да се создаде можност, со прифаќање на Инстанбулската конвенција, да се внедри РОДОВАТА ИДЕОЛОГИЈА во македонското законодавство, а потоа и во македонското општество!
29 јуни 2023 година по повик и организација на Светиот Синод на МПЦ -ОА, како реакција на предлог законите за родова еднаквост и матична евиденција, а со подршка на многу интелектуалци и експерти за оваа проблематика, со подршка на останатите верски заедници во Македонија, со подршка на 99, 9% од граѓаните од Македонија се организираше СЕНАРОДЕН ПРОТЕСТ против внедрувањето на РОДОВАТА ИДЕОЛОГИЈА во македонското општество!
29 јуни 2023 година! Денес 99, 9% од граѓаните на Македонија ги засведочија и ги одбранија Божјите и традиционалните вредности и вистини за тоа што е навистина ЖЕНА, МАЖ, РОД, ПОЛ, ЗДРАВО ПОТОМСТВО, ПРОГРЕС, ЖИВОТ, ИДНИНА, СМИСЛА, ВИСТИНА, БЛАГОСЛОВ. . . .
29 јуни 2023 година! Денес започна процесот преку кој ќе го повратиме изгубеното и погазеното македонско достоинство! Не чека многу работа! Не чека тешка борба, но ПОБЕДАТА е веќе на вистинската страна, на страна на вистината и животот!
Во слава и благодарност на Оној што ни дарува живот, за духовна изградба на Црквата Христова во Македонија и за доброто и просперитетот на нашата Македонија и на сите што живеат во неа!
Ви благодарам браќа и сестри во Христа за силната љубов!
Ви се поклонувам драги Македонци за храброста, мудроста, единството и желбата за ПОБЕДА!
ваш слуга, брат, пријател, соборец о. Ивица Т!
Фејзбук статус на О. Ивица Тодоров