Тодоровиќ е приведен на скопскиот аеродром, додека Здравев бил уапсен на граничниот премин Табановце. Тие се дел од истрагата која што беше отворена во 2018 година за изградбата на мостот „Око“.
Поранешниот градоначалник на општина Центар и сопственик на маркетите „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ, поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев и уште три лица се приведени од страна на полицијата и денеска се очекува да бидат изведени пред судија на претходна постапка. Се трага по уште уште две лица.
Апсењето е извршено по наредба на Јавното обвинителство за борба против организиран криминал, поради сомневања за перење пари при набавки на спомениците за проектот за „Скопје 2014“.
Тодоровиќ е приведен во четвртокот (29.06) е на скопскиот аеродром, додека Здравев бил уапсен на граничниот премин Табановце.
Петмина се приведени
„Вчера во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик. Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка“, информираат од МВР.