Цуцуловски: Не било битно отварањето на Уставот туку парламентарниот состав што ќе го направи тоа
март 20, 2023
Откако во петокот, ВМРО-ДПМНЕ потфрли и дел од пратениците не гласаа „За“ амнестија на уставобранителите од 27-ми април, додека во јавноста се појавуваат контрадикторни измени за внесувањето на Бугарите во македонскиот устав, професорот Цуцуловски констатираше дека по ова прашање на ВМРО-ДПМНЕ не му се проблем уставните измени, туку кој парламентарен состав ќе ги направи.
Дури „сега“ сфаќам, кутар јас, дека не било толку битно отварањето на Уставот и вметнувањето на „бугарското малцинство“ во него, туку дека многу побитно било во кој парламентарен состав тоа ќе се направело, бидејќи овој собраниски состав (објаснуваат) не бил легитимен.
Според професорот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не се бори против наметнатите уставни измени произлезени од „францускиот предлог“ против кој протестираа, туку се бори за избори и веројатно ќе ги спроведат истите измени, само посакуваат тоа да го направат од позиција на власт.