Новости Топ Вести

Конфликтот во ДУИ кулминира во Чаир

март 20, 2023

Mитингот на ДУИ во Чаир раководството на партијата го смета за критичен момент за иднината на партијата и нејзината улога во политиката во државата. Фракцијата во партијата „Огнената група“ одржа митинг во Чаир пред три недели на кој остро беа критикувани министрите на ДУИ, а особено Груби.

Внатрешниот јаз во Демократската унија за интеграција (ДУИ) се очекува да кулминира вечерва на најавениот митинг, кој едната група во партијата го нарекува „спектакл без преседан“, додека за „Огнената група“ тоа ќе биде „совет на артанисти“.

Најавено е дека лидерот на партијата Али Ахмети вечерва ќе присуствува на собирот во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир, каде ќе биде поздравен како „национален лидер“, како што најави првиот вицепремиер Артан Груби.

„Да, тој доаѓа, и старо и младо е на нозе“, напиша Груби на социјалните мрежи во најавата за присуството на Ахмети на митингот.

Фракцијата во партијата, наречена „Огнената група“ предводена од Изет Меџити, нема да присуствува на настанот. Таа митингот го нарече „собир на артанисти“, кои ја тероризираат јавната администрација со списоци и закани за да учествува на митингот.

Вечерашниот собир доаѓа по митингот на „Огнената група“ пред три недели, на кој отворено беше критикувана работата на министрите од ДУИ во Владата, особено на првиот вицепремиер Артан Груби. Поддржувачите на Ахмети, пак, митингот во Чаир го оценуваат како „историски од кој ќе се гради иднината.“

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *