Грковска: Обвинителството ќе биде обврзано да покренува постапки за лица на „црните листи“
Со измените на Законот за рестриктивни мерки, се проширува опфатот и се зајакнуваат механизмите за борба против корупцијата и организираниот криминал, се овозможува побрза судска завршница по овие предмети, а при тоа нема повреда на презумпцијата на невисност и човековите права, вели вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.
Таа во гостувањето на Тема на денот на Сител ТВ, појасува дека измените на законот за рестриктивните мерки кој ќе ги вклучи и црните листи на САД и Обединетото кралство, се покренати на нејзина иницијатива бидејќи таа по функција е координатор на ваквите политики, а се предложени од МНР бидејќи тоа е надлежно, матично министерство за овој закон.
-Во овој случај јас ја покренав иницијативата до Владата за тоа точно какви измени треба да има во законот, да се прошири опфатот на ресктриктивните мерки, покрај владеењето на правото, да се додаде за борба против корупција, за организиран криминал и тероризам. Можноста тоа да важи и за црната листа на САД и на Обединетото Кралство, Владата веднаш ја прифати иницијативата. Направи работна група која што јас ја координирав, составена од неколку министерства за да се разгледа едно посеопфатно решение. Така да ова решение има предлог на министерот за вантрешни работи тоа да се однесува на јавни набавки, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши предложивме тоа да биде за јавни договори, концесии и јавни – приватни партнерства, ставање во мирување на лиценци, овласување на вршење на дејност, и какви било јавни договори со државните институции, невозможност за земање кредити итн се до правосилна судска одлука. Значи ние зборуваме за времени мерки, појасни Грковска.
Таа наведува дека во најголем дел постапката е иста, а се врши само допрецизирање со што се обврзува ЈО во една законска процедура согласно македонските закони, да мора веднаш да постапува во кратки рокови за да може да има побрза судска завршница.
-Во ваква ситуација сметам дека и за оние лица кои се ставени на црната листа, на листите на санкции, им оди во прилог таквата процедура побрзо да завши, заради тоа што ако тие листи се прават врз основа на сериозни докази и сериозни аргументи, кои сепка се прибираат од нашите инстутуции. Прашањето е зошто нашите институции и пкрај тоа што ги поседуваат тие докази не реагираат веднаш како што налага нивната обврска, вели Грковска.






