Македонија Новости Топ Вести

Техничката влада – следниот викенд

Местата кои со закон и следуваат на опозицијата во техничката влада треба да останат празни се додека ВМРО-ДПМНЕ не даде глас за таа влада, сугерира Ковачевски


Местата кои со закон и следуваат на опозицијата во техничката влада треба да останат празни се додека ВМРО-ДПМНЕ не даде глас за таа влада, сугерира премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски како одговор на најавите на опозициската партија да не гласа за составот на техничката влада, ниту да учествува на нејзините седници. 

Од ВМРО-ДПМНЕ и вчера информираа дека остануваат на ставот да не гласаат за техничкиот премиер. Најавија дека имињата на министрите и замениците министри ќе ги објават следната недела. 

Ковачевски вчера го повика претседателот на Собранието и иден мандатар Талат Џафери да направи влада во која министерските и дополнителните заменички министерски места ќе останат празни, а откако ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи да ја поддржи техничката влада, тогаш да се вметнат нивните министри.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *