Култура Новости Топ Вести

Меџити, Касами и Гаши направија предизборна коалиција


Коалицискиот опозициски фронт во кој заедно ќе настапат Демократско движење, БЕСА и Алтернатива ќе го носи името „Европски сојуз за промени“.

Оваа денеска на прес-конференција го соопшти претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од двајцата претседатели на останатите две партии, Изет Меџити и Биљал Касами.Тие велат дека нивен врвен приоритет ќе биде борбата против корупцијата, како и евроинтеграцискиот пат на држвата.

Неодамна во интервју за „360 степени“ емитувано на МРТ 1, Изет Меџити ја повика и Алијансата за Албанците да се приклучи во опозицискиот блок, но засега нема најави дека политичките математики ќе ја спојат партијата на Села и Таравари со новата опозициска коалиција.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *