Култура Македонија Новости Став Стил Топ Вести

Џез оркестарот ќе добие нов простор во Македонската опера и балет

Со 10 милиони денари ќе се рекунструира и адаптира простор за Националната установа Џез оркестар во Националната опера и балет.

Денеска официјално беше потпишан и договорот за реконструкција од министерката за Култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Директорот на ТАВ Фатих Кан од каде се обезбедени средствата. Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска истакнува дека потпишувањето на договорот е последниот чекор во подготовките за почеток на градежните работи. Проектот се очекува да биде завршен до јуни идната година.

-Куќата на џезот не е предизборно ветување и не се соочуваме со предизборна трка со времето туку со огромен напор да создадеме квалитетен простор во овој објект. На членовите на Националната установа Џез оркестар им посакувам да ја негуваат страста кон слободата и од нивните нови 475м2 да се родат нови проекти кои ќе бидат наградувани со аплаузот на македонската но и на светската публика,- Бисера Костадиновска- Стојчевска- Мнистер за култура.

-Со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска изнајдовме идејно трајно решение за простор на Здружението на џез музичари, простор каде колегите музичари ќе имаат проби креирање на уметност, жанр кој е многу важен за развитокот на музичката култура,- Васко Ристов- директор на Национална опера и балет.

Претходно, Вработените во Македонската филхармонија неколкупати излегуваа на протести по одлуката Џез оркестарот да биде сместен во објектот на институцијата. Оттаму укажуваа дека објектот е изграден за да ги задоволи потребите само на симфонискиот оркестар.

Тогаш од Министерството за култура соопштија дека станува збор за времено решение, а денеска Министерката Костадиновска-Стојчевска кажа дека со ова е изнајдено трајно решение за простор на Здрушението на џез музичари.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *