Македонија Новости Топ Вести

Мостот „Беласица“ ќе остане затворен најмалку една година

Мостот Беласица дури година и половина би можел да биде надвор од функција, и тоа под услов доколку веднаш почне да се работи на него. Тоа значи дека година и половина скопјани ќе имаат големи тешкотии за време на сообраќајниот шпиц, бидејќи оние кои кратеа од Железничка кон Ист Гејт ќе мора да ги користат другите мостови.

Деканот на Градежниот факултет, појаснува дека самите процедури се долги и затоа ќе биде потребно многу време за санација.

-Во најмала рака потребни се три до четири месеци интензивна и високостручна работа за да се утврди неговата моментална состојба. А, доколку се констатира дека е потребна негова санација, тогаш треба уште минимум половина година за да се изработи проект за санација, и после тоа да се изведе санацијата. Значи, треба доста време, вели професорот Марковски.

Проблемот е што за носивоста на мостот задолжени се кабли кои се сместени во внатрешноста на бетонската конструкција.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *