До крајот на 2023 година, секој граѓанин треба да има нови лични документи. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека ова важи и за тие граѓании чии документи сè уште важат.
Новото име граѓаните ќе ги чини повеќе, бидејќи цената за вадење документи е покачена, а на министерот Спасовски цената не му изгледа многу висока.
Некои граѓани кои ги анкетиравме велат дека почнале да ги менуваат документите но ваквата процедура велат дека е дополнителен товар. Пензионерите се пожалија за високата цена за лична карта и пасош.
За лична карта треба да се плати 310 денари, значи покачувањето е 120 денари. Возачка дозвола ќе чини 410 денари, што е за 130 денари поскапо. Цената за пасош за едно лице до 27 години останува 1500 денари, а за над 27 години ќе изнесува 2000 денари. Измени во цената ќе има и за итна постапка. Пасош со итна постапка ќе чини 6100 денари, односно покачувањето е 1600 денари, а возачка дозвола ќе чини 1239 денари, односно со покачување од 390 денари.