Kолумни

ВИСТИНАТА БОЛИ!

Пишува Лидија Ѓорѓевич

🔴ВО МИНАТОТО ГЛАСНИЦИТЕ НА ЛОШИ ВЕСТИ ГИ УБИВАЛЕ.

👉Ние многу добро си знаеме како треба да биде и што треба да биде.

👉Како треба да се прави и што не треба да се прави.

👉Со кого да контактираме и до која граница, со кого да направиме дистанца, со кого сосема да ја избришеме комуникацијата,

👉 и во крајна линија кого да пратиме по ѓаволите.

💖Да се разбереме, тоа не значи дека не треба и понатаму да ги сакаме тие луѓе, само што подалеку од нив и Господ памет да им/ни даде.

👉Каков начин на живот да имаме, одговорен, вреден, алтруистичен, да бидеме внимателни, да не повредуваме никого…

❗Но ! Кога било што од горенаведеното го правиме обратно и некој ќе не опомене, или ќе добиеме сигнали во вид на искуство, околности, луѓе, дека треба да престанеме и за 180 степени да го промениме дејствието ние најчесто ” Го убиваме гласникот”😀🙃Ма ние Посебно го мрзиме ” гласникот”(човек, ситуација, зборови) кога интуитивно знаеме дека е само тригер кој ни крив ни должен ни покажал на увид и јасно која е Вистината иако и сами претходно ја бутавме под черга.Го мрзиме тригерот, оти мора да го смениме нештото.Навлечени сме како наркоман на дрога.И сега, тоа треба да се промени.

✔Тешка е послушноста.Онаа христијанската.Не зборувам за покорност без достоинство, туку за послушноста пред Бога.

И тука се раѓа прво роптање, па гнев, па обвинување други/друго, цел свет ни е крив само не ние.Ах тоа его, ах таа нељубов.

🐥Нејсе, добро и на крај ќе се освестиме дека не може повеќе така.Ма нам одамна ни било јасно ама ај сега го прифаќаме тоа кога ќе легнат работите.

Па ако не може така тогаш како? Како јас/ ние ќе продолжиме да живееме сега со новото јас.Како бебе кога проодува, а толку го љубевме тој свој комфорт, таа своја вистина која најмногу ни одговараше.

“Пред дваесет години во Израел спровеле експеримент. Во реоните на воените дејствија и конфликти, испратиле неколку луѓе, чија задача била само да бидат присутни : да седат, да се молат и да одржуваат хармонична состојба. Статистиката покажала дека прекршоците во тие реони течеле во поблаг облик.

  Помалку имало убиени, дури и  разорувања. Се потврдува сето она што е напишано во Стариот Завет, дека неколку Светители можат да спасат цел град. “

~ С. Н. Лазарев

од праксата

 ” Блажени се миротворците “

Велам јас дека живи сме уште само заради неколкумина кои коленичат за нас.🙏

Ова инспирирано од информацијата на еден мој другар кој вчера ми кажа дека македонците се по некое истражување најгневен народ во Европа.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *