Kолумни

Да збориме за евтини ствари кои скупо коштаат

Кога ја добив поканата да пишувам колумни за овој нов портал, кој ветува да биде навистина еден од најчитаните, првото кое ми падна на памет е налог за писмена работа, а која ако не “Пролетта во мојот крај”. А што друго кога пишувам по нарачка? Уметниците не сакаат налози. Им треба инспирација.

Но така се погоди, баш кога настапува пролет. Па можам да пишувам за ефтини ” ствари” кои” скупо” коштаат. Значат де. А зошто јас да не бидам оплеменувачот на овој портал? Ете така!  Јас ќе бидам оплеменувач!

Во пресрет на пролетта бидете вие оазата на добра енергија и убавото расположение.

Пролетта е време за радување, за нови почетоци, нови навики, но и за мали и големи уживања., Можете да уживате во толку нешта, од убавиот сончев ден, нечива насмевка, играње со децата, природа, уметност, до дружење со пријателите, во некој посебни моменти. Посебни моменти се само неколку во годината. Нечив роденден, свадба, крштевка…Зарем ќе дозволите само тоа да ви бидат посебни моменти? Оваа пролет бидете задоволни со себе и се ќе биде полесно.

Ние, уметниците подруго ги гледаме посебните моменти. Мирисите, цутењето на секое цвеќенце, или секое зајдисонце или зора.

Прагматичните луѓе би рекле: Немам крај со крај да врзам ти овде ми бамбуриш за романтика.

Искрено, немам ни јас. Ама ете, ги приметувам тие Божји креации. И убаво ми е. Какошто  мирис, музика и пролет можат да те вратат во живот, неможе ниту еден лекар! Бидете живи!

Би ви рекла:

– Стварајте и трошете прилики.Баш е забавно. Не мора да се специјални. И така оние специјалните се ретки, таман работа да дремеме и да ги чекаме.

Вадете ја искрата во вашите очи и гледајте ако станува оган!

Лидија Ѓорѓевиќ

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *