Kолумни Став

      ЕТНОЦИД ВО ЧЕТИРИ ДОГОВОР- ПОТЕЗИ

Соња Манџук

Ова општество има неколку лика, што одвреме-навреме ги вадат од мизерен заборав, ги истопоруваат пред микрофон во некое студио, за да ја распостелат пред јавноста сета своја надмена скомноумност. И папаглски, а со убедување на златно славејче, прва труба, да затрубат- ние, интелигенцијата, треба да им објасниме на граѓаните! И следи- труу, дека треба да дадеме жртва за националниот интерес! Истото трубење како и за преспанската зделка. Од истата во наводници интелектуална величина Нано Ружин /и/ овојпат. Да се жртвуваш национално, да те снема, за да те имало во некој сојуз, во некоја унија. На патот кон еу, што одамна има знак -се работи на патот во друга трака, со друга брзина и затворен е патот. Небаре со ворп-погонот Бугарите во Устав- мазно жглуп во еу.

Каков е тој национален интерес за кој бара жртва ова човече накитено со многу титули- политичар, дипломат, универзитетски професор, поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, и со неостварената амбиција – претседател на држава?  Национален / дури ни македонски не споменува , знае, забранет е со преспанскиот етноцид за којшто исто така бараше да се даде жртва/ интерес ли е некоја бројка од 3 и пол и илјади нека се, уште толку нека се, преку ноќ читатели коишто се разбудиле како благонадежни Бугари, да ги ставиш во Устав како државотворен народ?! За Бугарија да ти даде зелено светло за пристапна фаза по нивни услови/ уцени во преговарачка рамка, во којашто како народ треба да станеш вештачки конструкт од 1944, со јазик кој дотогаш не постоел а отсега ќе произлегува од Уставот, со придавката македонски забранета; со историја под ревизија по нивни желби и мечти, со културно наследство кое ќе им го дадеш жглаб на тацна од седми век наваму, како и цела историска документација од 1945 до 1990 година. И извинување за  ‘злосторства’ врз Бугари  административци нели,од комунистите. Забрана за книги, филмови и сл., кои не се одобрени од Бугарија. И за стари дела и за сите нови книги и филмови што ќе мора да бидат одобрени од добриот сосед. И нови учебници одобрени од нив. Или, нема гајле за тоа прашање, брзопотезно го решија- нема учебници, а нема ни предмет Историја. А и што ќе ни е, градиме едно граѓанско ОпшесВо (sic!) за сите и ќе одиме јеее само напред во еу иднината, со ворп-погон наречен- Бугарте во Устав, без Македонија да ги исполни шизофрено-апсурдните барања на Бугарија?! Или, за секое од овие барања ќе се бара да се даде жртва за националните интереси?! Да дадеш жртва, за да те нема!

Многу ме интересира што мисли професорот по политички науки, за тоа колку државотворни народи може да има една /национална/ држава и што по тоа прашање ќе објаснува или сето тоа со еден збор- треба да се даде жртва!  Албанскиот и бугарскиот ‘народ’ во Македoнија државотворни а македонскиот народ поставен во процес на поништување, на жртва. Всушност и не ме интересира, реторичко беше прашањето.

Има во оваа изјава на Ружин и еден друг аспект- граѓаните, народот е глуп и неук, сигурно и небањат и не разбира и ‘ние интелектуалците‘треба да му објасниме.

 Ќе ги има во наредниов период од тој интелектуален калибар, пластичен привезок на власта. Ме потсетуват на оној мајмун на Штулиќ што станал многу популарен и познат- ќе земеш еден мајмун, ќе го викаш по радио и телевизиски емисии, ќе му ставиш форографија по сите весници и оп мајмунот си ебал матер, утре ќе сними плоча..и адаптирано на контекстов, ќе стане експерт, ќе објаснува, ќе ни шкрипи како расипана долго пуштана плоча дека треба да смогнеме сили, да направиме ете уште еден чекор напред, дека ни е нужно потребен уште еден компромис, дека треба да дадеме жртва за националните интереси, за иднината…за почеток на втора фаза во пристапни преговори.

Ќе шкрипат, ќе убедуват, ќе ОБЈСНУВААТ, ќе релативизираат, ќе си одработуваат. Како на овој народ да не му е јасно, како да не го чувствува на своја кожа етногеноцидот што во два потега му се /на/прави со преспанската зделка и со овој источно добрососедски. Како да не знае дека веќе е коси црти во Изводот од матичната книга на родени! 

 Кога, речиси пред една година беше активиран француско-бугарскиот предлог а народот на улица со пароли против бугаризација, професор д-р Улф Брунбауер, историчар и директор на  на Лајбниц Институтот за Источна и југоисточна Европа, имаше политичка анализа со наслов Зошто францускиот предлог е бескорисен и опасен.  Во неа тој пишува: Има одредена иронија во тоа што токму Франција престави проблематичен компромисен предлог. Затоа што токму француската влада го кочи прифаќањето на државите од Западен Балакан во ЕУ, ветување кое и онака се` повеќе звучи шупливо. Франција сега предложи, _ Македонија да ги вклучи Бугарите како конститутивен народ во својата преамбула на Уставот, а напредокот во спроведувањето на Договорот од 2017 година да стане дел од Преговарачката рамка. Предлози кои тешко се спроведуваат.

Навистина, дали  Макрон даде ваков предлог договор што е толку штетен  за македонската страна, за македонските национални интереси, со очекување да биде одбиен? Можеби бил изненаден што и таков предлог може да се прифати. Таков, подобар  не ќе добиете, ни рече, на вас е следниот потег. Кладата е подготвена за вас, на вас е дали ќе си легнете на неа. Еве ви кибрит, ќе ви го подадат вашите, кобајаги вашите политичари елити, вашата интелектуала!

Или, не бил изненаден, ја слушнал и тој народната поговорка- за /некои/ добри/гладни свињи, нема лоша помија!  

Третиот етноцид договор-тиранската платформа, која што од истиве вакви ликови беше само во нечија глава, одамна се реализира. И недостига само територија барањето, но тоа откако Бугарите ќе ги внесеме во отворениот- за- сите-кои ќе побараат- како да е драгстор- Устав. Потоа ќе следи братска поделба на територијата по Вардар.

Четвртиот етноцид-договор- Црквата.

Црквата македонска си ја понуди куќата уште кога почна мајка да бара по соседни цркви! Сега е само потстанар на сопствениот имот новонаречен северен а Томосот е тротинетче на кое ќе му се додаде отпаднатото тркалце- ПОА. МПЦ-ОА-ПОА= СПЦ. Тоа е, вози попе со затворени очи во северен правец!

Тотален распад/ етноцид  на македонското национално ткиво- име,идентитет, јазик, историја, црква. Уште територија и таман сме за во небиднина. Жртвувани!

И ќе ти се појави некој лик да ти објаснува дека треба да се даде жртва за националниот интерес, а ти треба да бираш зборови за ликот! УПМ!  

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *