Македонија Новости

ПОЧНУВААТ РАМАЗАНСКИТЕ ПОСТИ

Денеска почнува муслиманскиот свет месец Рамазан.

Постот за време на Рамазан вклучува воздржување од јадење, пиење и од пушење во текот на денот, со цел да се постигне поголема посветеност на Бога. Постот од утро до зајдисонце може да трае од 12 до 18 часа, во зависност од тоа каде се наоѓате во светот.

Поглаварот на Исламската верска заедница на муслиманските верници им го честита почетокот на Рамазан.

„Важната и неопходната порака за времето во кое живееме што го пренесува Рамазан за нашето општество е пораката за мир, добрина и хуманост. Оваа порака се пренесува преку солидарност и милосрдие кон сиромашните, бидејќи со тоа што не јадеме или пиеме, најдобро разбираме што значи да се биде гладен и да се биде сиромашен. Преку оваа порака се создаваат мостови меѓу богатите и сиромашните и љубов и симпатии во срцата на луѓето“, рече Фетаи.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *