Новости Топ Вести

Збогум Ванчо

Згасна бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ денеска згаснува, објави Централниот регистар на Македонија.

Клубот е избришан од Централниот регистар откако Министерството за правда одлучи дека името на клубот ги повредува националните чувства на Македонците, поради соработката на Ванчо Михајлов со фашистичкиот окупатор.

Од Централен регистар велат дека клубот не го усогласил името со измените во Законот за здруженија и фондации.

Со законот се забранува основање на организации што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Претходно, бугарскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *