Пишува Сузана Камберова
Новото време носи нови предизвици. Тие некогаш поттикнуваат раст и развој, а другпат, стагнација или регресија. Така со танцов чекор од македонско оро, три напред, еден назад, полека напредуваме и еволуираме, пробивајќи ги барикадите на развојниот пат. Овој текст е инспириран од некои состојби во македонската култура, и во тој контекст литературно творештво, а конкретниот повод се сѐ побројните дискусии околу прашањето, каква ќе биде неговата иднина во мугрите на ерата, обележана сопробивот на вештачата интелигенција (ВИ) во сите сфери на животот, па и во уметноста.
Најголем број писатели, како и други уметници, во ВИ гледаат предизвик и можност за ширење на границите на возможното. Некои пак сметаат дека таа ќе стане конкурент, пред се на евтината популистичка книжевност, која се чини во еден ваков општествен контекст преполн со псевдо културолошки феномени, станала доминантно творештво и веќе создала бројна публика. Творците на таквата, супстандардна по квалитет, литератураи сличните на нив изданки на системот, навлезени се во сите пори и институции со кои има допир со развојот и афирмацијата натворештво. Затоа би било очекувано, ако не дури и посакувано, литературното творештво создадено од ВИ со леснотија да ги избрише/ замени тие автори и импактот на нивните „уметнички творби“ врз еден просечен ум.
Прашањето кое во тој контекст си го поставувам е, што добиваат читателите ако едно неквалитетнотворештво се замени со друго? Зарем тој квалитетне е производ на пошироката културна заедница,традицијата и колективно умствено наследство, кое може, но и не мора да е похрането во еден ваков интелегентен софтвер? Ги разбира ли тој (ВИ) сите митолошко- историски, духовни и психолошки процеси потребни за процесот на креативно творење?
Јасно ни е поодамна дека поширокатајавност и духот на општеството се фасцинирани од површност и привид. Вистинската уметност за такви конзументи може да биде напорна, бидејќи бара умствен ангажман, ангажирано читање. Во нашата средина сепак имам впечаток дека читателотникаде го нема во таа равенка, автор-јавност. Изоставен е, или пак никому не претставува битен фактор. За кого е наменета домашната литература и служи ли таа најчесто за продукција на медиокритети и самопромоција на оние кои нашле начин да се снајдат,да станат „успешни“ и медиски популарни? Во средина каде сѐ е зачмаено и каде постојат еден до два литературни конкурси годишно, кои и самите одвај преживуваат, а сѐ се врти околу финансирањеод Министерството за култура, што друго и да очекуваме? Друштвото на писателите делува самодоволно и затворено. Неговите активности најчесто се затворени во кругот на самите членови, а обидите за обраќање до читателската публика, скоро се и непостоечки. Ретко некој писател истапува со јавен, аргументиран став за состојбите во општеството или светот, како да не живее тука.
Се тоа една ВИ веројатно многу лесно ќе го замени. Нема ни да сетимедека нешто ни недостасува, бидејќи малку или скоро воопшто не сме ни имале.
Нека ми простат поупатените за оваа генерална опсервација. Можеби и не сум воопшто компетентна да проценувам и судам. Пасиониран сум читател, понешто и пишувам, но како некој кој ги опсервира работите од страна, можам да кажам дека македонските писатели и македонската читателска публика се на различни страни на длабока бездна. На дел од писателите како воопшто и да не им се потребни читатели. Имаат свој мал, но доволен, личен круг кој ги следи и поддржува, финансиски или на друг начин, но се анонимни во пошироката јавност и не оставаат никаков печат на културните тенденции и збиднувања во земјата. Ним пак тоа им е сосема доволно, да не мора да ја напуштаат зоната на комфор. Од таму, неквалитетното не може да се филтрира низ ситната мрежа од читатели познавачи и независна критика, зошто тешко или воопшто не стасуваат до нив. Во нашиот поширок регион, ми изгледа дека воопшто не е така. Читателите се бројни и ангажирани, се дебатира, разговара, анализира, чита и актуализира литературното творештво и новото и класичното. Многу се следи, постојат бројни активности, конкурси на кои секој што пишува има право да учествува, не само членови на друштва и слично. Читатели даваат огромна поддршка за домашните писатели. Тие го валоризираат квалитетот, а не некои опскурни институции, државни квоти или здруженија. Квалитетот таму се бара, а кај нас- се имитира.
Да се вратиме сепак на книжевните амбиции и можности на една ВИ, кои велат, очекувано ќе напредуваат и ќе се развиваат во иднина. Таа ќе учи, а базата на потхранетознаење ѝ е огромна. Па сепак, ако претпоставиме дека секое уметничко творештво е уникатен спој на интелектуално (умствено) со емотивното (или сетилно), единствен за секој автор, дали тогаш човекот, како креативно битие, така лесно ќе биде истиснат од ВИ? Умствениот дел таа можеби ќе го совлада, но ќе го вткае ли и емотивниотво сето тоа, подеднакво добро? Дали сликите ќе се заменат со илустрирани копии, а литературните деласо скрибоманија?Ќе се депласира ли естетиката со автоматско трупање (создавање) квантитет? Дали уметноста ќе се обезвредни и ќе ја изгуби смислата или ќе добие нов квалитет?
Всушност, зарем не е вистина дека најголем дел од шармот на секое уметничко творештво не е само во неговиот квалитет, туку што е создадено од луѓе. Од човек за човек. А тоа фасцинира. Да се пронајдеме, откриеме дел од себе во умот на некој другчовек, кој симболички го изразил психичкото во себе, да го отклучи истото во нас. ВИ може да напише каков сака роман, но кој би бил мотивот да се чита напишано нешто што не е живо, за насживите? Појавата на фотографијата не ја замени насликаната слика на платно, па ни дигиталните илустрации не можат тоа да го направат. Единствено, секоја форма си доби своја публика. Можеби и овде ќе се случи истото.
А од друга страна, ако човекот успеал да создаде вистински креативна интелигенција, тогаш можеби човекот најпосле станал Бог.
:::::::::::::::::::::::::::