Милошоски: Филипче кон Груби гледал како на актер кој му овозможува на СДС и нему лично што повеќе да се задржат на власт
Затоа сметам дека ова е главниот доказ како СДС се однесуваше кон ДУИ и особено кон Артан Груби. Се што ќе посакаше Артан Груби да помине во Собрание не само што поминуваше туку добиваше европско знаменце. СДС беше само асистент во собраниските потреби на ДУИ кои секогаш добиваа приоритет со злоупотреба на европското знаменце, потенцира Милошоски.
На денешната трибина „Правдата доаѓа“ што се одржа во просториите на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој што истакна дека кај Ковачевски имало политичка мотивација во однос на Артан Груби и случајот со Лотарија се со цел да се задржи СДС ден повеќе на власт.
„Сметам дека има политичка мотивација кај Ковачевски со Артан Груби и со случаите на Лотарија, политичката мотивација беше едноставна, колку повеќе ќе му се дозволи на Артан груби да се занимава со незаконити работи и да биде доминантен фактор во владата па и надвор од владините институции во случајот во лотарија толку подолго денови недели или месеци Ковачевски ќе биде премиер на државата. Тоа беше цената заради која Ковачевски с е согласи наместо премиер да му биде асистент на вистинскиот човек кој што ја имаше моќта во власта а тоа беше Артан Груби. И затоа сметам дека и во овој случај на Лотарија Ковачевски има направено сериозен пропуст и тоа не е случаен технички пропуст тој има направено пропуст што на самата седница на влада има дозволено да се расправа за потпишување на нови концесии, дозволи и одобренија за видео лотарии и дополнителни игри на среќа онлајн иако знаел дека во законот за државна лотарија тоа е ограничено на само една таква концесија“ истакна Милошоски и додеде:
„Затоа сметам дека ова е главниот доказ како СДС се однесуваше кон ДУИ и особено кон Артан Груби. Се што ќе посакаше Артан Груби да помине во Собрание не само што поминуваше туку добиваше европско знаменце. СДС беше само асистент во собраниските потреби на ДУИ кои секогаш добиваа приоритет со злоупотреба на европското знаменце“ потенцира Милошоски.






