Со величествен приказ на народните ора и музика- ансамбл “Танец” прослави 75 години од формирањето
Публиката задоволна, артистите мотивирани, а 75-годишниот јубилеј на Националниот ансамбл за народни игри и песни – Танец, вечерва во Скопје достоинствено беше одбележан со концертот „75 години Македонски код“ кој се одржа во Националната опера и балет.
Како што најавија, тоа и го потврди Танец зс публиката приреди спектакуларно патување низ богатата фолклорна традиција на Македонија, со музичко-сценски бисери и традиционалноте ора како „Тешкото“, „Женско чамче“, „Драчевка“, „Свадба“, „Џамала“ и многу други, изведени од уметниците на ансамблот.
Ансамблот Танец е основан во март 1949 година во Скопје и веќе 75 години е еден од најстамените столбови на македонската традиција и култура.