Македонија Новости Став Топ Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да изгласа уставни измени додека јас сум претседател


ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласа уставните измени додека сум јас претседател, изјави вечерва лидерот на партијата  Христијан Мицкоски.

На прашање да даде коментар на изјавата на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, дадена во интервју за МИА во која се препознава опозицијата, а се однесува на тоа дека во претстојните процеси е особено важно да се прашаат кандидатите каков им е планот за во иднина и дека постои пат што не е опишан и реално е прашањето дали воопшто постои или само претставува погоден начин за да се избегне да се каже дека всушност нема пат, Мицкоски упати на случувањата во М-НАВ во кои, како што рече, се вмешани високи функционери на ДУИ, и на редиците за промена на патните исправи. 

– И правата и втората изјава на господинот О`Брајан внимателно ги слушав и анализирав, исто како што внимателно ги анализирам и изјавите на другите претставници на меѓународната заедница и дојдов до заклучок, а тој е дека кога О`Брајан слета на Скопскиот аеродром, на отприлика 500 метри од пистата, високи активисти на ДУИ неколку недели претходно делеа шамари. И се обидов неговата изјава во контекст на тие што имаат план за Европа да ја ставам во овој контекст, каде активистите на ДУИ меѓу кои и претседател на огранок, влетаа и направија упад на стратешки објект, рече Мицкоски  на ТВ Телма.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *