Култура Македонија Новости Став

Промоција на терминолошкиот речник „Хемија“ во МАНУ

Во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите задутре (4 декември) во 12 часот ќе се одржи промоцијата на терминолошкиот речник „Хемија“ во рамките на макропроектот „Македонска научна и стручна терминологија“. Присутните ќе ги поздрави претседателот на МАНУ, академик Живко Попов. Обраќање ќе има академик Витомир Митевски, раководител на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија.

Изданието ќе го промовира проф. д-р Валентин Мирчески, а ќе се обрати и академик Глигор Јовановски, раководител на проектот „Хемиска терминологија“. Промоцијата ја организираат Лексикографскиот центар „Георги Старделов“ при МАНУ и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *