Во вчерашното оддбележување на Денот на Европа, многу ми недостигаше учество на ,келнерите трчаат по плоштадот’. Имаше во тој дел некоја длабока симболика- со послужавник во едната рака високо подигната, трчаат… за еу, ќе речев. Всушност, во келнерите на тој ден што трчаа, ги гледав политичарите што така, како со послужавник во рака, трчаат за еу. И со се` на тацна. Со се`што може да се понуди, ако само се побара. Вчера не трчаа келнерите. Веќе и нема потреба од таква симболика. Дадено е се` и веќе се конзумира.Но, затоа пак, се затрчаа амбасадорите, симболично, да не убедуваат дека јазикот наш македонски насушен, ќе бил зачуван, како последна чаша, веќе преполна, на послужавник, додека си во трк.Како да не знаеме дека условувањето на Бугарија во врска со македонскиот јазик е само фуснота на преспанската зделка. Како да е чаша вода послужена со кафе. На македонски ни кажуваа. За да не се сомневаме дека веќе северномакедонски станал. За да бидат поуверливи. За да не ,отворат’ во пресрет на следната нарачка-Отворање на Уставот за влез на Бугарите! Евроамбасадорот Гир дури и љубов ни изјави, ни кажа дека не сакаат до нив, сакаат да не видат до нив, како членка на Унијата. Како и сите евроамбасадори пред него. Како на дечиња кога им нудат шеќерлемчиња. Не ги спомена нашите маани- високо ниво на криминал и корупција во сите институции. Тоа на писмено ќе го добиеме во следниот извештај на ЕК, ако им остане хартија дотогаш. И сите говореа на јазикот на нашата прекрасна северна земја, која што ќе си го задржела јазикот македонски, што ќе станел официјален во Унијата. Кога ќе ги запишеме Бугарите во она што ни е како Работен лист по мајчин јазик, на пример, а го нарекуваме Устав. А, дури и сите триста и нешто, да ги запишете по име и презиме, вклучително и оној како и да се викаше, на којшто, во патеично свечен чин му дадоа бугарско државјанство, вратата на еу ќе ни биде затворена. Ни веднаш, ни по десест години, затоа што тоа и не е идејата. А, поверојатно е дека врата нема да има.
Освен домаќинот Груби, којшто лежерно зборуваше на англиски како да му е мајчин. Премногу ќе беше ако ја откопчаше кошулата и покажеше маица, со апликација исплазен јазик.Или, навистина премногу ќе беше ако и вчера отворено си кажеше -сигурен сум дека има проевропско крило во дпмне кое ќе гласа за отворање на Уставот. Можеше и со знаковен симбол да покажеше број 8. На сите ни е кристално јасно- со притисоци, уцени, поткупувања …за европски вредности, со балкански методи. Демократски или, сепак, малку фашистички?
Каква здодевна приказна сум запнала да раскажувам! И веќе слушната,видена прочитана и разбрана и за првооделенчиња, освен за партиските штабски полтрончиња. И, тоа мирно, спокојно, со едноличен тон, како врисокот во мене да замерел.
Имам ли јас право да мислам поинаку, неунифицирано/неизедначено со вашата агенда, а да не сум под руско влијание? Имаме ли слобода, ние, голем процент Македонци да говориме и мислиме поинаку од вашата приказна, од вас кобајагелитна каста умислени владетели, кобајагиводачи, закачени на евроатлантско јаженце? Имаме наводно, нели, демократија било. Го видовме тоа и со преспанскиот и со референдумот што,иако неуспешен, го ремоделираа во успешен. Да не се лажеме, овде и буквално владее апартхејд.
Пред дваесет години и ми се случувало да си го поставам прашањето зошто европратениците никогаш не го споменуваат 9-ти мај како Ден на Победата над фашизмот. Веќе одамна ми е јасно- затоа што тоа не е нивен ден. Можете да замислите некој евроамбасадор отворено да мора да каже- Кршењето на основните човекови права загарантирани со Декларацијата за основните човекови права не е демократија, туку чист фашизам! И ние кон вас спроведуваме фашизам! Или- Непризнавањето на сувереното право на Другиот да биде она што е- фашизам е! И тоа во Македонија! Или, да се повика на непишаното правило на ЕУ- На нам големите ни е природно дадено да владееме! Незамисливо. Автоматски ќе стане тоа што не е- антифашист! А и толкава доза на лицемериие е невозможна и инстантно штетна на здравствено-ментален план. Тие од западот и ние поисточно не го победивме истиот фашизам. Некаде треба да ставам наводници. Некои од нив не се ни бореле против фашизмот. Ете,затоа!
Мало,руско влијание’почна да ѕирка помеѓу редови во мојата слобада на говор и мислење, нема друго, и како такво погодно за санкции, но и за вас што го читате ова. Клаус Шваб, од Светскиот еконмски форум им наредува на владите од цел свет, или оној дел којшто го контролираат, да ги апси граѓаните кои читаат лажни вести на интернет, да го направат незаконско читањето на не-меинстрим извори и вести. Наредува да се забранат независните медиуми.Да постојат само унифицирани, изедначени вести и медиуми.Унисони гласови медиумски, ко еден глас,од еден ист центар. Што она беше фашизмот, во поширок конткест?
Клаус Шваб, е оној лик што на плажа носи нешто ко подвезици на голи мазни нозе. Сме ја виделе таа фотографија и не е фотошоп, не е лажна фотографија. Тој има право да се носи како сака, а цел свет ќе го носи во затвор ако не чита вести што тој ќе ги означи како вистинити и треба да мисли унифицирано, во подвезици. И да мисли дека живее во демократско општество коешто го победило фашизмот во сите облици и пројави!