Македонија Новости Став Топ Вести

Оптимизам и во ДУИ

Во сите анкети ДУИ и Бујар Османи се апсолутни победници

Демократската унија за интеграција тврди дека ќе биде апсолутен победник во албанското гласачко тело на Македонија.

-Вака велат сите анкети што ги реализирале релевантните агенции во земјава, каде што ДУИ убедливо излегува пред албанската опозиција. За Демократската унија за интеграција, споредено со месец февруари, најновото истражување на Институтот за политички истражувања(ИПИС) покажува дека во март – поддршката за ДУИ е зголемена на 6,3 отсто.

Во противна насока се движи опозицијата, поточно со опозициската коалиција Вреди. Од 4,6% во февруари, во март поддршката за опозицијата падна на 4,4%. Не само на републичко ниво, туку и посебно во секоја изборна единица, Демократската унија за интеграција е апсолутен победник. Во овој случај, резултатите од анкетите покажуваат дека Европскиот фронт и коалицијата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ќе имаат двојно поголем број пратеници во Собранието на РМ наспроти албанската опозиција.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *