Македонија Новости Став Топ Вести

На собраниска седница, денес законите за нефер трговски практики, и за конфискуван имот

Собранието денеска треба да ја започне новата 148. седница, а најавено е и продолжување на 140-та, 138-та и 135-та пленарна седница. 

На 148-та седница се очекува да бидат донесени предлог на законите за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, за Канцеларија за поврат на имот,  Дополнетиот предлог на закон за правда за децата, Предлог на закон за финансиски инструменти и Предлог на закон за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност.

За дневниот ред се предложени и Предлог на закон за ратификација на Деветтиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз, Десеттиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз и Единаесеттиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз, Предлог на Закон за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи, Предлог на автентично толкување на членот 70 став (3) од Законот за градежно земјиште, Предлог на закон за дополнување на Законот за научно-истражувачката дејност, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, во прво читање, Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2024 година со дополнување на средства, како и неколку годишни извештаи.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *