Македонија Новости Став Топ Вести

ВЛЕН: Министерката да не се фрустрира од албанскиот јазик

ВЛЕН и порача на министерката за образование Весна Јаневска да не се фрустрира поради нејзиното елементарно непознавање на албанскиот јазик и таквиот нејзин пристап го гледаат со жалење.

Ова доаѓа по   вчерашниот настан на кој министерката присуствуваше заедно со тетовскиот градоначалник Билал Касами и од него бараше да говори на македонски за да може да го разбере  на што денеска експресно од Вреди се јавија со реакција преку допис до јавноста . 

–  Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик. Поради оваа причина, ВЛЕН изразува жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик и во оваа прилика нагласуваме дека таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции вела од ВЛЕН.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *