Македонија Новости Став Топ Вести

Мицкоски: Учебници за секое дете во наредната учебна година


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска, од дебатата во Куманово што ја организира неговата партија, најави реорганизација во владините ресори и реформи во образовниот процес. Рече дека ќе бидат вложени максимални напори за да се обезбедат учебници во претстојната школска 2024/2025 година, а го објасни и предлогот кој треба, како што напомена, да ги мотивира универзитетските професори и научните работници да пишуваат трудови.

Владата, оцени Мицкоски, не одговара на современите текови, а и образовнието не дава одговор на потребите на пазарот и на сегашноста. 

Според ВМРО-ДПМНЕ, образложи партискиот лидер, претшколската едукација (градинките) треба да се врати каде што припаѓа, во рамки на  Министерството за образование, а Министерството за труд и социјална политика треба да се занимава со демографија и млади. Делот „труд“, пак, рече Мицкоски, од сегашното ресорно Министерство треба да се префрли во Министерството за економија каде работодавачите и работниците ќе комуницираат директно и заеднички ќе креираат политики и ќе ги решаваат недоразбирањата. 

Мицкоски во оваа прилика изнесе информации дека ДУИ и СДСМ намерно прават хаос само за да нема учебници од 1 септември, за потоа да можат за тоа да ја обвинат ВМРО-ДПМНЕ која ќе формира, како што рече, влада по изборите.

-Според информациите што ги имаме, СДСМ и ДУИ знаат дека ќе бидат поразени на изборите и дека ќе си заминат, па се обидуваат да остават тотален хаос за на 1 септември во учебната 2024/2025 година повторно дел од учениците да не добијат учебници и за потоа да излезат и да кажат, „ете, гледате што се случува“. Но, ние ќе дадеме се од себе да го надминеме проблемот како што го правиме тоа сега со патните исправи. Два до три пати е сега подобра состојбата од времето на Оливер Спасовски. Така ќе дадеме се од себе во однос на учебниците, да не се случи во 2024/2025 да нема учебници, но сигурно тоа нема да се случи во 2025/2026 година. Тоа е мојата порака до граѓаните – ова ни го прават, сакаат да остават тотален хаос, ни книги ни учебници да бидат подготвени, за да кажат дека сите сме исти. Не, не сме сите исти, од едната страна е понудата на Ахети, Османи, Груби, Зечевиќ, Маричиќ, а од дргата страна се ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот план за развој на државата, истакна Мицкоски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *